07/11/2024
Медитеранска тава со орзо во доматен сос
Инспирацијата за овој рецепт е новиот Mediterano доматен сос од кој е одлично зачинет и ништо не треба да му ја мислите :)
Сѐ се подготвува во една тава, а добивате оброк полн со зеленчук и сите бенефити што доаѓаат со него. Зачувајте си го постот за следниот пат кога ќе ви треба идеја за ручек / вечера.
- 1 кесичка (320гр) Viva La Cucina доматен сос со зачини - Mediterano
- маслиново масло
- 1/2 главица исецкан кромид
- 2 чешниња лук
- 2 пиперки
- 120гр свеж спанаќ
- 140гр орзо
- 140гр наут
- 500мл зеленчуков бујон (1 коцка за супа + вода)
- 30гр путер
- 100гр бело сирење / фета за послужување
- свеж магдонос
- лимонов сок
- Зачини (сол, бибер, чили во прав)
* Прво се печат пиперките на 200°C (со вентилатор) околу 30мин. Се лупат и сецкаат на ленти.
* Додека се печат пиперките се бланшира спанаќот и се припрема останатиот зеленчук.
* Се пропржува кромидот во маслиново масло, се додава лукот, печената пиперка, спанаќот и се зачинува по желба. Откако ќе се пропржат убаво, се додава орзо пастата, наутот и доматниот сос. Постепено се додава и бујонот и се остава да крчка 15-20мин да се свари орзото, со повремено промешување.
* Откако ќе се тргне тавата од оган се додава путер за покремаста текстура, како и свеж магдонос.
* Се служи со лиминов сок и сирење.
Како прилог кон ова јадење имавме краставица со грчки јогурт и маслиново, одлична комбинација :)
Уживајте 😍