27/12/2025
Домашна, крцкава и совршена за сарма и зимски специјалитети 🤍
👉 Акциска цена: 500 ден.
📦 Ограничени количини
🌶️ Hina Products
Зраците од 280 сончеви денови акумулирани во една тегла
Gevgelija
1480
Be the first to know and let us send you an email when HINA Products posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.
Send a message to HINA Products:
Сонцето уште не беше изгреано, а работниот ден на берачите на пиперки во едно село на југот на Македонија веќе беше почнат. Меѓу нив имаше млади и стари, мажи и жени. Вешто се движеа низ нивата и ги полнеа корпите со препознатливата црвена пиперка, меѓу народот позната како „ајварка“. Најмладите не можеа да одолеат на „црвеното богатство“, па одвреме навреме ги зариваат забите во сочниот плод со примамлив вкус.
За неколку часа корпите веќе беа полни. На хоризонтот се појави камионче кое за неколку минути стигна до нивата. Собирачите му помогнаа на возачот да ги товари корпите полни со пиперки во камиончето. Внатре веќе имаше и неколку корпи тазе набран модар патлиџан од соседното село, каде овој производ беше автентичен веќе со децении. Камиончето, товарено со даровите на природата одгледани на традиционален начин, се упати кон фабриката во Гевгелија, во која се произведува највкусниот ајвар.
Вработените со внимание ги селектираа најдобрите пиперки и модри патлиџани и процесот на производство започна. Во халата се рашири најпримамливиот есенски мирис – мирисот на печена пиперка. Мирисот кој сите нè враќа во деството и нè потсетува на ќумбето на баба. По печењето започна процесот на лупење и мелење во педантно исчистените машини. Потоа зеленчукот се истури во садовите за пржење. Готвачите додадоа зачини и најважната состојка – љубов затоа што највкусната храна се подготвува само со многу љубов. Готовиот ајвар со волшебен вкус, спакуван во тегли, со камиончето до попладнето веќе беше пренесен до маркетите и рапсореден по полиците.