10/03/2026
Наскоро природата ќе се разбуди. Овошките ќе се облечат во цвет, деновите ќе станат потопли, а од кошниците ќе излетаат новите пчели на своите први летови. 🐝
Тие тивко и вредно ќе ги обиколуваат цветовите, носејќи на своите мали ножиња полен – најважната храна за матицата и новиот живот во кошницата. Од тој мал труд се раѓа силно и бројно пчелно друштво, кое цела година работи во совршена слога.
Така е во природата – сè си доаѓа во свое време. Ние пчеларите само помагаме, се грижиме и со љубов ги чуваме нашите пчели, за тие да бидат здрави, силни и вредни.
А нивниот труд ни го подарува најслаткиот дар од природата – медот. 🍯
На радост и за пчелите и за луѓето. 💛🐝