29/05/2026
Македонски експерт за маслиново масло сертифициран во срцето на Тоскана!
Olive Garden MK отвори ново поглавје во своето работење!
Во Фиренца, во регионот Тоскана, Италија, овој месец успешно завршивме професионална и техничка обука и ги положивме сите строги селективни тестирања за стекнување со престижниот ,,Certificate of Physiological Eligibility for Tasting”
Обуката беше организирана и имплементирана од страна на светски реномираната
“AIRO - Evolution Academy’’, согласно строгите стандарди и официјалната методологија на IOC (International Olive Council).
Тимот на AIRO - Evolution Academy презентира професионален пристап и максимално се потруди да го пренесе знаењето од врвни теоретичари и експерти за маслинови масла на учесниците на обуката, кои доаѓаа од различни делови на светот.
Сертификатот е официјална потврда за професионална оспособеност за дегустација и оценување на квалитетот на маслиновите масла. Сертификатот значи влез во италјанскиот регистар на професионални оценувачи на маслинови масла, кој е официјално признаен од страна на Министерството за земјоделие на Италија.
Овој сертификат отвара можности на меѓународен план, македонски професионални оценувачи да учествуваат на меѓународни панели и меѓународни натпревари на маслинови масла.
Преку стручни дегустации, обуки и едукација подготвени сме да ги пренесеме сите добиените стручни знаења и да помогнеме како да се препознае квалитетот на extra virgin маслиновото масло.
Информации за производството, квалитетот и цената на нашето масло можете да добиете на:
📱 Мобилен: 070 234 608/070 819 335
💬 Viber | WhatsApp | Messenger
📧 Email: [email protected]
🌐 www.olivegarden.mk