17/01/2026
РЕВЕРЗНА ОСМОЗА - РО систем е апарат кој се сместува под мијалникот во вашиот дом и се приклучува на постојаниот водоводен систем. Исфилтрираната вода се складира во посебен сад од 8,4л кој е под притисок, а водата истекува преку посебна хромирана чешмичка, која е над мијалникот.
Реверзна осмоза претставува идеално прочистување на водата до 10 000 дел од микронот.
Филтрите се убаво спакувани и ги имаат сите потребни елементи за брза и лесна инсталација. Со РО системот, од водата се отстранува: хлор, бигор, тешки метали и азбест, како и 99,9% ако има присутни бактерии и вируси. Започнете го денот со чиста филтрирана вода и подгответе го телото да се справи со целиот стрес и напор во текот на денот.
Со секојдневно пиење на чиста вода вие го јакнете имунолошкиот и нервниот систем и спречувате појава на камчиња во бубрегот, во желудникот, појава на алергии и астма или висок холестерол. И не само тоа - со РОсистемот Pure Pro вие имате неограничено количество здрава чиста вода во вашиот дом наместо да трошите време и пари за престојана вода во пластична амбалажа.