coolinari.mk

coolinari.mk социјално претприемништво +стручно угостителско образование

Coolinari.mk e онлјан дестинација преку која секој може да се запознае со младите кулинари-ученици од средното училиште „Лазар Танев“ , нивните вештини и рецептите кои тие ги промовираат.

На coolinari.mk можете да најдете млади кулинари, да ги погледнете нивните вештини и искуства и да ги ангажирате за ваши професионални потреби. Целта на оваа платформа е да се промовираат учениците од стручното

училиште со цел нивно успешно лансирање на пазарот на труд и полесно преминување на младите од Македонија од училиште кон работен ангажман.

Тука ќе ја најдете и мобилната апликација РЕЦЕПТКО, која истот така можете да ја симнете бесплатно и од веб старната

РЕЦЕПТКО е продукт на проектот кој беше изработен со помош на учениците и нивните рецепти. РЕЦЕПТКО е мобилна апликација која нуди можност за искусни и неискусни домаќин(к)и да изберат рецепт и да се инсиприраат што вкусно да подготват во своите кујни. Секако тука се и интересните мисли и мудрости за храна кои младите кулинари сметаат дека се кул за споделување.

*coolinari.mk и РЕЦЕПТКО се продукти на проектот “Младинска професионална кујна: Нови технологии за социјален бизнис” имплементиран од „АРНО“(Здружение за социјални иновации) и „Младите можат“ и финансиран од УНДП .

(Лубеници не се јадат во зима, или како да зборуваме за одржливост и кариери во угостителство)  Прочитајте тука https://...
20/06/2024

(Лубеници не се јадат во зима, или како да зборуваме за одржливост и кариери во угостителство) Прочитајте тука https://rebrand.ly/zo0t1qc
Дали постои кариера за „одржлив готвач“ (sustainable chef) и што би било тоа? Сигурно да се лупи потенко и да нема остатоци во подготовките, ама и храната да е локална, од локални земјоделци и сезонска (и цреши не се јадат во зима).
ARNO има интересен проект во кое направено е истражување за кариера за млади (зелени работни места), вреди да прочитате затоа што малку зборуваме за ова кај нас, а во светот врие.

Запознајте го Марко 🧑🏻‍🍳💫
20/06/2024

Запознајте го Марко 🧑🏻‍🍳💫

Настан за идните кулинари, не го пропуштајте отворениот ден!
13/05/2024

Настан за идните кулинари, не го пропуштајте отворениот ден!

📢
07/03/2024

📢

☀️Повик за учесници | ОБУКА за ВОДИЧИ ЗА ВИНСКИ ТУРИЗАМ / Вовед во вински труризам |
Повеќе детали за обуката и како да се пријавите 🔻
https://www.giz.de/en/worldwide/141878.html
- - -
☀️Call for participants | TRAINING for WINE TOURISM GUIDES | Introduction to wine tourism |

More details about the training and the registration process 🔻
https://www.giz.de/en/worldwide/141878.html

Благодарност и до Artkujna 💕неуморно ги следат новите вкусови и кулинарски вести. Дознајте до каде сме со ѓевречето , кл...
13/02/2024

Благодарност и до Artkujna 💕неуморно ги следат новите вкусови и кулинарски вести. Дознајте до каде сме со ѓевречето , клик на линк🥯

Кога целото соседство на средното угостителско „Лазар Танев“ во Скопје ќе замириса на печен сусам, знајте дека се пече новиот скопски ѓеврек. Победничкиот рецепт ...

❤️Уште една преубава работилница од која излегоа многу вкусни залчиња ѓевречиња🥯 Победничката Маја Лазаревска (Готвиме с...
13/02/2024

❤️Уште една преубава работилница од која излегоа многу вкусни залчиња ѓевречиња🥯 Победничката Маја Лазаревска (Готвиме со Маја) беше одлична во водењето на учениците кои вчера го усовршуваа правењето на победничкиот рецепт.
🤩Рендање и цедење јаболка, замесување тесто, печење сусам и афион, печење на ѓевречињата…Кулинарите беа во вистинска акција! Кабинетот по пекарство ечеше од добра енергија и музика (еве фотографии и видеа во коментар) 😎🧑🏻‍🍳👩‍🍳 Топло добредојде и помош имавме од професорката Анета, а десна рака на учениците им беа и шеф Антонио и шеф Данче 🥰 Преблагодарни сме што имаме вкусни проекти, и што на нашите гастрономски патешествија наидуваме на препрекрасни луѓе (фала Маја, фала професорка Анета, фала SUGS "Lazar Tanev", фала на сите кулинарчиња и фала сите што нѐ следите и поддржувате🙏🏼⭐️)
🇪🇺Работилниците се спроведуват во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ кој е иницијатива на АРНО која се имплементира во соработка со СУГС „Лазар Танев“- Скопје. Оваа иницијатива се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот „Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.

Едвај чекаме да дојде утре ❤️
11/02/2024

Едвај чекаме да дојде утре ❤️

👌🏻🥯Вчера имавме одлична прва работилница со победничката од натпреварот „Смисли го кругот“! Кога велиме одлична- мислиме...
09/02/2024

👌🏻🥯Вчера имавме одлична прва работилница со победничката од натпреварот „Смисли го кругот“! Кога велиме одлична- мислиме вистински одлична!
👩‍🍳🥇💗Маја Лазаревска (позната како Готвиме со Маја) го предаде целото знаење за правење на победничкиот рецепт на ѓеврек. Со многу внимание и посветеност Маја им пренесе еден куп информации на учениците за правење на тестото, техники и куп кулинарски совети.
🧑🏻‍🍳Кулинарите-ученици беа вклучени од почеток до крај, работеа поделени во групи и според сопствен план направија тесто, фил, печеаа и на крајот дегустираа залчиња од новите скопски ѓевречиња.
❤️Од голема помош беа и професорката Мартина, и менторите шеф Антонио и шеф Данче (дел од кулинари.мк и поранешни ученици од СУГС „Лазар Танев“).
🙏🏼Мирисот на печен сусам и прекрасната атмосфера (ова можете да ѕирнете на фотките) во кабинетот по пекарство уште ги чувствуваме и се радуваме на следните активности. Голема благодарност за Маја и сите учесници, и за сите кои не’ следите и се радувате на новите вкусови кои пробуваме да ги донесеме во градот.
🇪🇺Работилниците се спроведуват во рамки на проектот „Кулинари во акција – социјално претприемништво за импакт“ кој е иницијатива на АРНО која се имплементира во соработка со СУГС „Лазар Танев“- Скопје. Оваа иницијатива се спроведува со поддршка од Европската Унија во рамки на проектот „Младите – агенти на променa“ кој го спроведуваат Центар за Интеркултурен Дијалог, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражувања и анализи НОВУС.

од кујната на Artkujna, напис за натпреварот кој се одржа вчера во SUGS "Lazar Tanev"
27/12/2023

од кујната на Artkujna, напис за натпреварот кој се одржа вчера во SUGS "Lazar Tanev"

„Арт кујна“ требаше да биде во жирито, но поради оправдани причини не успеавме да присуствуваме во изборот. Сепак, сигурни сме дека жири комисијата го одбрала вист...

Address

Strezovo Bb
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when coolinari.mk posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share

Category