02/05/2023
✨Пристигна мај, на кој ќе му посакаме добредојде со нашиот календар од проектот "Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија"
🍯🐝Месецот мај ја промовира работата на Пчињски - Pčinjski - социјално претпријатие од Србија кое продава мед од горниот тек на реката Пчиња, еколошко мед кој е производ на мали произведувачи, рачно пакуван во земјени грниња.
Дознајте повеќе за нивната работа преку скенирање на кодот со камерата на вашиот телефон или преку клик на нивниот профил на Фејсбук.
📅На овој календар се наоѓаат 12 социјални претпријатија кои учествуваа во Академијата за социјално претприемништво која се спроведе во рамките на прекуграничниот проект. Секој месец го одбележуваме со славење на нивната работа и мисија да создаваат подобар живот и посилни заедници во двете сосетски земји.
🇪🇺Проектот „Социјални претпријатија за економски развој и социјална инклузија“ е финансиран од Европската унија преку Секторот за договарање и финансирање на програми од средства на ЕУ на Министерството за финансии на Република Србија (ИПА 2 програма за прекугранична соработка Република Србија-Северна Македонија 2016-2020), а се имплементира во партнерство на здруженијата “АРНО” од Северна Македонија, Оптимист и Trag fondacija (координатор) од Република Србија.