Пријатели, добро ни дојдовте на нашата фан страница! Целта на овој проект е да ги поддржиме нашите земјоделци кои со љубов ги одгледуваат највкусните и најсвежите намирници 🍆🍅🍏🥒 без пестициди, да ги сочуваме традиционалните семиња за нашиот регион, но и да научиме повеќе за предностите на локалната храна. Гарантираме испорака на квалитетни намиринци 🥕🌶🌽, а ние веќе уживаме во најсвежата храна од П
елагонија. Локацијата на фармата се наоѓа во Битолско (градско) поле. Приклучете ни се и вие, поддржете ги нашите земјоделци и купувајте локални производи.
❗️ Ако не сте задоволни со испорачаниот зеленчук и има внатрешни оштетувања кои не се видливи со голо око, сликајте го и испратете ни ја фотографијата. Истиот ќе биде заменет, доколку е на залиха или ќе ви бидат рефундирани средствата.
Количините кои ги имаме се мали, затоа следете нѐ, пишувајте ни во порака и резервирајте квалитетни намирници за вас и вашето семејство. 🙂