“Голем Извор” е семејна компанија со традиција долга 30 години, лоцирана во Битола, со историја која започнува во 1989 година. Компанијата во тој период започнува под името “Извор”. Основна дејност на компанијата e продажба на храна, пијалоци, производи за лична хигиена и хигиена на домот. Основач на компанијата е Цане Момирчески, познат во нашиот регион, како еден од најистакнатите производители
на зеленчук. Покрај земјоделското производство во 1995 година се започнува со активности за изградба на фарма за свињи, која датираше се до 2002 година, кога по барање на нашиот партнер млекара “Идеал Шипка” изградивме ладилен простор за нивни потреби. Со зголемувањето и проширувањето на работата имавме потреба од поголем капацитет.
Во Март 2012 година со работа започнува Ладилник “ГОЛЕМ ИЗВОР”, со капацитет од 10.000 m3 и се состои од 8 дворежимски комори и 2 преткомори, во кои се складира секаков вид смрзнати производи, како и секаков вид производи во свежа состојба. Дел од капацитетот на ладилникот се користи за сопствени потреби, а дел се изнајмува на клиенти од регионот.
Покрај постоечкиот дуќан, кој датира од самото постоење на компанијата,во 2015 година се проширува со отворање на уште еден маркет.
Во 2019 година “Голем Извор” започнува со инвестиција во нов проект “Малина Плус”, односно плантажно одгледување на малина, на површина од 10,5 хектари, во Пелагонискиот регион, како и инсталирање на тунел за интензивно ладење и длабоко замрзнување и машини за сортирање и пакување на малини. Моментално во компанијата постојано се вработуваат 15 луѓе, а во текот на сезоната бројот се зголемува и достигнува 80 луѓе.
Компанијата работи согласно НАССР и ISO 22000 стандардот, а во тек е и имплементација и сертификација на IFS Food стандардот за квалитет и безбедност на храна.