ИМАЈТЕ СЛАДОК ДЕН! - бомбони, карамели и чоколадни десерти... ммм
Еврокекс ДООЕЛ Битола произведува тврди бомбони, карамели и чоколадни десерти. Истите ги пласира на пазарот во Р. Македонија, а исто така извезува во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово.
Компанијата е основана во 1988 година од брачниот пар Анастасовски како самостоен дуќан за малопродажба на кондиторски производи. Во 19
90 година истата се пререгистрира во ДООЕЛ и успешно работи со производство, дистрибуција, малопродажба, како и увоз-извоз на кондиторски производи.
Бројот на задоволни потрошувачи постојано се зголемува, имаме висок квалитет на нашите производи и освојуваме нови пазари.
Секојдневно ги следиме светските трендови во производство на кондиторски производи и ги препознаваме уникатните потреби на потрошувачите.
Континуирано инвестираме во нова технологија и подобрување на производните линии. Персоналот е квалификуван и обучен за извршување на работните задачи. Со транслокација на погоните во нови деловни објекти, целосно се инплементираат стандардите согласно Законот за безбедност на храна.
Веќе работиме на неколку проекти на проширување на асортиманот на производите, што ќе овозможи да бидеме уште поконкурентни на пазарот на кондиторски производи.
Нашата визија е Еврокекс да стане препознатлив бренд, синоним за квалитет во производството на кондиторски производи.
Нашата мисија е зголемување на задоволството на потрошувачите, а нашиот слоган гласи: ИМАЈТЕ СЛАДОК ДЕН!