14/09/2025
Црнец без јајца
Хитот од 90тите години
Потребно:
500мл јогурт
200гр шеќер
120мл масло
300гр брашно
30гр какао
2 лажички сода бикарбона
За прелив:
150гр маргари
100гр шеќер
100мл млеко
200гр чоколадо
Подготовка
Се мешаат сите состојки со миксер додека не се стопи шеќерот.Се печи во намрсено правоаголно тавче во загреана рерна на 200 степени околу 30мин.
Во меѓувреме се подготвува преливот.Се топи се на оган додека не се добие мазна смеса.Откако ќе се испечи тестото се остава да се излади и се прелива со преливот.Се остава неколку часа убаво да се стегни пред да се сечи.