Restaurant Babino

Restaurant Babino Етно ресторан Бабино ви нуди прекрасни специјалитети од скара и риба надополнети со прекрасна природа и амбиент.

Етно ресторан Бабино е вгнезден во недогледна шума во атарот на селото Бабино, Демир Хисар. Комплексот опфаќа површина од 15 000 квадратни метри од кои 2500 метри квадратни се водена површина, опколена со мала зоолошка градина, езерца за одгледување речна пастрмка и тревник. Водата во изворот Бабинска Река што ја користи и рибникот е со константна температура од 12 степени целзиусови во текот на ц

елата година (лето и зима), што е идеално за одгледување на калифорниска пастрмка.
Ова место во една од најчистите еколошки територии во нашата земја, исполнето со зеленило на недопрена природа,извори на пивка вода, чист воздук, инспиративен мир Ви нуди прекрасни специјалитети од скара и риба надополнети со прекрасна природа и амбиент.

01/06/2026

✨ МЕРАК ЗА ДУШАТА: Група „Серенада“ во живо во Етно Ресторан Бабино! ✨

Оваа сабота, ве каниме на едно поинакво, опуштено дружење во природа. Со гордост го најавуваме озвучениот акустичен перформанс на групата „Серенада“. 🎻🪕

📆 Сабота, 06.06.2026
🕑 Старт: 14:00 часот
📍 Етно Ресторан Бабино

📞 Резервации: +389 70 294 858
*Бројот на маси е ограничен, резервирајте го вашето место на време!*

🕑 Работно време на ресторанот: 11:00 до 19:00 часот!

Сите детали за ресторанот ги имате на следниот линк:

https://linktr.ee/etnoresort.babino

Препуштете им се на традиционалните софри и звуците кои будат најубави чувства во срцето на природата. Поведете ги оние со кои најслатко се наздравува и дозволете ни да ви ја стоплиме душата!

Ве очекуваме да уживаме заедно! 🥂🍽

#ЕтноРесторанБабино
#ГрупаСеренада
#ВоЖиво
#АкустичнаМузика
#МакедонскаТрадиција

13/05/2026

🦢 Три лебеди во Бабино

Во езерцето во Бабино живеат три лебеди. Не како украс, туку како постојани жители кои го имаат тоа место за свое.
Лебедот е всушност една од најтешките птици кои можат да летаат. Возрасен може да достигне и до 12 килограми.

Иако изгледаат нежно на вода, во воздух се моќни. Кон своите млади се исклучително заштитнички, двата родители учествуваат во одгледувањето, а малите лебеди, наречени цигнети, патуваат на грбот на мајката во првите недели од животот.

Живеат доживотно во пар. Ако еден партнер загине, другиот може да остане сам со години.

Бабино им нуди точно она што им треба: мирна вода, богата вегетација покрај брегот и простор без вознемирување. Се хранат главно со водни растенија, алги и мали водни организми, по 8 до 10 часа дневно.

Секое утро е исто и сепак различно, три бели силуети на мирна вода, опкружени со зеленило.

13/05/2026
11/04/2026

Фурната е запалена. Јагнето чека. 🐑🔥
Велигденското печење го подготвуваме - достапно во недела и понеделник.
А покрај него, вистинско друштво:
🥃 Гордион Амбер
🍷 Далвина Мускат Темјаника
🍷 Бовин Дисан Црно

Зелена трева, планински воздух и тишина. Ресторан Бабино е еден од оние места на кои се враќаш кога ти треба здив - а ча...
10/04/2026

Зелена трева, планински воздух и тишина. Ресторан Бабино е еден од оние места на кои се враќаш кога ти треба здив - а чаша Грашевина од Лазар Винарија го прави моментот уште подобар.

Среќен Велигден од нас!Им честитаме на сите вас и вашите најблиски - нека овие празници донесат здравје, радост и убави ...
09/04/2026

Среќен Велигден од нас!

Им честитаме на сите вас и вашите најблиски - нека овие празници донесат здравје, радост и убави моменти поминати со семејството.

А за да биде масата уште поубава - овој викенд ве чекаме со јагнешко печење!

🍖СПРЕЦИЈАЛНА ПОНУДА - ЈАГНЕШКО ПЕЧЕЊЕ 2000 МКД/кг!

Недела и понеделник - ограничени количини, па резервирајте навреме.

Да ни е честит и благословен Велигден!

30/03/2026

Ресторан Бабино има потреба од додатен персонал.
Ако си одговорен, работлив и сакаш да работиш во добра средина, ова е вистинската можност за тебе!

Бараме:
Кувар
Помошник кувар
Келнер
Помошник келнер
Шанкер

За пријавување и информации јави се на:
📞 078/232-544

Address

Babino
Demir Hisar
7244

Telephone

+38978259263

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Restaurant Babino posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category