Животот е создавање, но истовремено и можност за искусување на сѐ она што овој свет го нуди. Човекот може да одбере да им даде подлабока смисла на природните работи и истите да ги претвори во некоја нова вредност. Идејата за создавање нешто ново, на создавачот му дава нова смисла на неговото, но и на постоењето на она што го создал, и му овозможува задоволство од истото.
Имајќи го ова како размис
ла, кај нас се роди идејата да основаме семејна винарија со цел да развиваме своја филозофија во винската култура. Си поставивме задача, од најдоброто зрно грозје да ја направиме најубавата капка вино. Зарем не е благородно, секоја скриена арома во зрното грозје, секој скриен и нескриен вкус, да го преточиме во капка вино, вино што ги открива скриените, но и ги зачувува нескриените ароми и вкусови.
Го „отвораме“ секое бело, розово и црвено зрно, и со посебна нега, висока стручност, својствен пристап и голема љубов, создаваме сорти на вино за сечии вкусови. Создаваме вино, секое на посебен начин, секое од нив „родено“ и „одгледано“ на начин што нему му е потребен. Па така, сега секој конзумент ќе може да ужива во вкусот кој тој го сака, во аромата што нему му прави неизмерно задоволство.
Веруваме дека секоја вкусена капка вино кај Вас ќе предизвика пријатно чувство и задоволство што ќе трае. Веруваме дека многу убави и весели моменти во Вашите животи ќе бидат проследени со вкусување на нашите вина. Рековме „нашите“ вина. Сепак, во нашата филозофија тоа значи „Вашите“ вина, затоа што ние тие ги создаваме за Вас, затоа што Вие ќе ги конзумирате живеејќи ги Вашите убави моменти.
„Животот е вечно доживување“, ќе рече големиот Виктор Иго. Нам, навистина ќе нѝ причува задоволство доколку Вашето живеење и многу Ваши убави моменти бидат проследени со добра капка вино од вината на смејната винарија „Поетика“.
Во наше и Ваше здравје.