22/03/2026
❓ Дали знаеш дека твојата следна прошетка покрај река може да придонесе за вистинска наука?
Денес, на Светскиот ден на водите, ве повикуваме сите – планинари, рибари, рекреативци и љубители на природата – да станете дел од нешто поголемо, затоа што секој може да биде научник! 💧
Маврово365 спроведува проект за заштита на реките во Националниот парк Маврово преку апликацијата CrowdWater – алатка што го претвора вашиот паметен телефон во средство за мониторинг на водите.
📍 Како функционира?
– Ја отвораш апликацијата и согледуваш дали на истата река (или езеро, неважно за каква водена површина станува збор) има претходно некој отворено “станица за набљудување“
– Доколку ти си првиот кој во таа близина отвора нова, ја сликаш водената површина и поставуваш „референтна“ фотографија
– Следниот пат, доколку се враќаш на истото место би било супер да споредиш
– Бележиш дали водостојот или водотекот се променил
📊 Можеш да следиш и:
– дали потокот/реката пресушил/а или тече
– влажност на почвата
– присуство на пластика и друго загадување на водата
🌍 Со ова:
– се пополнуваат празнините во податоци за реките
– се подобруваат научни модели и предвидувања
– секој, без разлика на искуство, придонесува за науката
🚶♀️ Следниот пат кога ќе поминеш покрај река – направи нешто повеќе од фотографија.
📲 Преземи ја CrowdWater и приклучи се:
App Store: https://apps.apple.com/us/app/crowdwater-spotteron/id1213513623
Play Store: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.spotteron.crowdwater
📣 Сподели ја веста за оваа забавна апликација со твоите пријатели – бидејќи колку сме повеќе, толку подобро ги разбираме и штитиме нашите води.
🤝 Заедно ја унапредуваме науката – и заедно ги чуваме нашите води.
Проектот е поддржан од Eko-svest и Prespa Ohrid Nature Trust - PONT