05/04/2026
Денес на Експо денот од првиот социо-здравствен саем во организација на Здружението на лица со дијабетес Охрид поминавме навистина прекрасно. 🌿
Имаше позитивна енергија на секој чекор – се вмреживме, се дружевме, разменивме искуства и идеи, а децата уживаа и се забавуваа со насмевки кои го разубавија целиот ден. Особено ми беше драго што се видовме со многу познати и драги лица. 🤝
Кога и да организира нешто Здружението на лица со дијабетес, секогаш ја креваат летвицата за едно ниво погоре. Професионално, топло и со вистинска грижа за заедницата. 👏
Секоја чест за трудот, посветеноста и инспирацијата што ја споделувате. Ваквите настани се вистинска поддршка и поттик за сите нас. 💙