Нашата приказна
Фармата на Хепи е резултат на страст и визија за нешто ново, свое, оддржливо, кое се потпира на еден многу убав период од мојот живот, моето детство. Страста и почитта кон домашните животни ја почувствував и научив од моите дедовци Евтим и Лазо. Слушајќи ги приказните од нивните детства, споделувајќи ги со мене нивните искуства, итрини и вештина, ја разгореа страста и сонот да и ј
ас еден ден имам своја фарма, која ќе биде плод на мојата визија и фантазија.
Реализирањето на било каков сон или идеја е како возење по пат на кој има многу дупки и препреки со голема брзина, ама за да успеете мора да ги избегнете дупките и препреките на кои наидувате. Тешко е кога треба сами да го поминете тој пат, многу полесно е кога имате сопатници, сопатници со кои ги делите истата визија и страст. Да, на почетокот имаше и сопатници кои помалку веруваа во целата оваа приказна, ама веќе денес може да кажам дека токму тие многу повеќе од мене веруваат во оваа приказна и придонесуваат многу повеќе. Тоа се моите родители и мојата сестра.
Ова наше патување наречено Фармата на Хепи започнува средината на месец февруари 2014 година. Период во кој првите две крави Лиса и Неда дојдоа на нашата фарма. Првата радост на дотогаш безимената фарма доаѓа средината на април 2014 година, во убав ден среда за кој во Македонија се верува дека носи среќа се роди Хепи (Среќна на Mакедонски по среда денот кога е родена). Тогаш решивме дека нашата фарма ќе го носи името на Хепи, таа е прва родена кај нас, наша… Токму таа Хепи, секогаш ќе ни носи среќа! ;-)
Хепи е многу весела и љубопитна. Научена е на многу внимание, нежност и посветено време. Знае дека е главна и ужива во таа своја улога. Таа е голема маза… Хепи е веќе мајка, и тоа по втор пат. Таа е нежна, грижлива и посветена кон своите телиња. Таа е нашата гордост. Хепи е олицетворение на нашата главна цел, да бидеме најдобри во тоа што го работиме.
Визија на Фармата на Хепи е да стане модерен центар кој ќе поставува стандарди и ќе биде расадник на добри практики кои ќе бидат водилка за многу фармери не само на национално туку и на регионално ниво. Мисијата на нашата фарма е на повеќе нивоа, да ги едуцираме потрошувачите што значи природно одгледано животно на органски начин, која е разликата помеѓу домашно свежо и увозно смрзнато месо, едукација на трговците дека секое теле не е исто и дека секое животно има своја вредност (не се става се во ист кош). Но несомнено најголемиот предизвик на Фармата на Хепи е да стане центар за репродукција на раси на говеда кои ќе имаат најдобари перфоманси и најголема продуктивност во однос на климатските и географските условите со кои располага Република Македонија.