Локации:
🌹 Велес: Ул. Благој Ѓорев 59/1/1 / +389 71 966 665
🌹 Скопје 1: Булевар Партизански Одреди 47 / +389 71 810 000
🌹 Скопје 2: East Gate Mall -2 кат / +389 71 223 000
🌹 Кавадарци: Ул. Маршал Тито бр.8 / +389 76 888 585
𝓐𝓷 𝓸𝓯𝓯𝓮𝓻 𝔂𝓸𝓾 𝓬𝓪𝓷'𝓽 𝓻𝓮𝓯𝓾𝓼𝓮! ️🌹
La Familia е малопродажен објект, концепт во кој што нудиме фокусирани содржини во портфолиото за поширока потрошувачка публика, со тематско ент
ериерно уредување, како контрапункт од некои минати времиња – за некого бурни, за некого носталгични; и модерното доба – претставено со воведување на новите трендови и cutting edge технологии во малопродажбата.
Како што се, на пример, дигитални презентации и нотификации за производите на самото место и уште многу друго што ќе нѐ одвојува од останатите на понудата на пазарот.
Приказната за нашиот бренд ја почнуваме од центарот на Македонија, од Велес. Нашата идеја е да отвориме повеќе вакви специјализирани продавници во сите поголеми градови низ државата, во неколку фази.
Зошто La Familia? Едноставно, затоа што сакавме да создадеме полна асоцијација кон семејството, топлината, посветеноста и грижата. Затоа што и во есенцијата на нашата деловна етика се водиме од мотото дека ние сме една фамилија, едно семејство со нашите ценети потрошувачи, партнери и соработници.
Ние во La Familia сме како една фамилија. Ние се грижиме за нашите пријатели како да сме свои меѓу своите. Тоа го покажуваме преку убавата и пријатна атмосфера кај нас, дома; Преку топлиот однос и вниманието што ти го укажуваат нашите вработени; Преку нашата ценовна политика, која што води грижа за вашиот паричник, која што внимава за тебе секогаш да добиеш понуда која што не можеш да ја одбиеш...