28/10/2025
📦 Важно известување за сите наши драги клиенти!!!
Сакаме да ве известиме дека во периодот кој следува ќе го ставиме нашето производство на пауза која не сме сигурни колку време ќе трае.
Имаме повеќе причини за оваа тешка одлука:
🌿 зависни сме од суровини кои не се достапни во текот на целата година и понекогаш се случува да варираат во квалитетот
🏭 производството е рачно и логистички доста захтевно
🚚 често се соочуваме со предизвици околу доставата
Затоа, во текот на месец ноември (поточно до 30ти ноември) ве охрабруваме да си направите залиха од вашите омилени производи.
Ги чекаме вашите нарачки до овој датум, а доколку по него ни останат одредени количини од путерите и кремовите, ќе ве известиме дополнително што е достапно за нарачување.
Нарачките кои ќе ги направите овие денови можно е да каснат затоа што моментално немаме залиха на лешници, но очекуваме деновиве да ни стигнат.
Не ни е сѐ едно за оваа одлука, но во моментот за жал немаме друго разумно решение.
Ви благодариме на разбирањето и поддршката сите овие години. Цели 5 години бевме дел од исхраната на многу семејства 🧡