Food Postcard

Directions

Food Postcard Домашно приготвени рецепти.

Megulgalot -израелско колаче со меко тесто, крем фил и полнење по желба✨👌🏻Постапката не е комплицирана а колачињата се о...
20/09/2026

Megulgalot -израелско колаче со меко тесто, крем фил и полнење по желба✨👌🏻

Постапката не е комплицирана а колачињата се ооодлични и ќе се прават редовно🫶🏻

Потребни состојки:
• 350 гр. брашно
• 70 гр. шеќер во прав
• 30 гр. какао
• 2 јајца
• 200 гр. путер/маргарин
• 50 мл. млеко
• крем намаз - јас користев крем на Алпико чоко-лешник
• 9 крем банани

Во сад прво ги просејувате брашното (прво ставете 300 гр.), шеќерот во прав и какаото, и ги мешате, па потоа ги додавате јајцата, млекото и маргаринот исечен на коцки. Со рака замесувате тесто. Доколку е многу лепливо додадете уште 50 гр. брашно и домесете. Тестото поделете го на 3 еднакви делови. Секој дел поединечно расукајте го во правоаголна кора не премногу тенка ниту дебела, намачкајте го целото тесто со крем намазот. На едниот крај наредете еден ред крем банани - должината на мојата кора собра по 3 кррм банани. И потоа почнете да ја замотувате кората почнувајќи од страната на крем бананите.
Откако ќе ги направите трите кори, ставете ги во замрзнувач околу еден час. Потоа пред да ги извадите загрејте ја рерната и од замрзнувач веднаш ставете ги во загреана рерна на печење 15 минути.

* Попрактично е расукувањето и завиткувањето на корите да го правите на хартија за печење.
* За премачкување на корите може да ставите било каков намаз..киндер, фстак и др…
* Наместо крем банани, може да ставите киндер чоколатца или друго по желба..

Кокос тарт 🥥 Потребни состојки:За првиот слој:• 250 гр. бисквити• 120 гр. маргарин• 60 мл. млекоИзмелените бисквити се с...
22/03/2026

Кокос тарт 🥥

Потребни состојки:

За првиот слој:
• 250 гр. бисквити
• 120 гр. маргарин
• 60 мл. млеко

Измелените бисквити се соединуваат со распотен маргарин и млеко додека се добие компактна смеса која се распоредува на садот како основа.

• 90-100 гр. кокосово брашно на .cezakomerc

Го распределувате кокосот на тава за печење и го ставате во загреана рерна додека постигне златеста нијанса.

Фил:
• 300 мл. кравјо млеко (јас користев со 2,8% масленост, а може да користите и 3,2%)
• 300 мл. хопла
• 60 гр. шеќер
• 2 ќесички ванилин шеќер
• 2 јајца
• малку ванилин екстракт

Сите состојки се ставаат во сад на загреан оган и се меша постојано додека не се добие густа смеса.

Во филот го додавате потпечениот кокос, со тоа што оставате настрана малку за декорација.
Филот го распределувате над бисквитите и садот го ставате малку во фрижидер.

Во меѓувреме го матите остатокот од хоплата
•200 мл хопла
И декорирате над филот🥥

Честит Бадник 🍷✨🌰🕯️Мир и спокој во секој дом🙏🏼🤗
06/01/2026

Честит Бадник 🍷✨🌰🕯️

Мир и спокој во секој дом🙏🏼🤗

Address

Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Food Postcard posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share