Ова е официјалната Facebook страна за YOGI TEA® во Македонија
YOGI TEA® се создадени со цел, користејќи мајсторски помешани состојки. Нашата филозофија има потекло од Ајурведата, која ги комбинира сензуалните задоволства со балансиран пристап за целосна благосостојба. Ве покануваме да доживеете сè што YOGI чаевите имаат да понудат и да си дозволите баланс и радост во различни аспекти од вашиот жи
вот. Поради заводливите и сложени мириси и егзотичните, интересно богати вкусови на најдобри органски билки и зачини, YOGI чаевите имаат единствена длабочина на вкусот - за свесен пристап во телото, умот и духот.
Од самиот почеток, античките традиции на Ајурведската филозофија ги водеше YOGI TEA® во создавањето на нашите мешавини - традиции кои нè научија да живееме и дејствуваме во хармонија со природата и околината и да ги препознаеме богатствата на земјата како подароци за потврдување и подобрување на животот. Ве покануваме да ги следите овие традиции - со чаша одличен чај.
Едноставна Ајурведа
Ајурведата, “наука за животот”, е практичен и филозофски начин на живот од античка Индија која препишува свесно живеење, како клуч за балансиран и долг живот. Преку дошите Вата, Пита и Кафа/Капа, елементите се манифестираат во уникатна комбинација во секое суштество. Темелот на Ајурведата е да се одржи таа индивидуална рамнотежа во нечиј живот. Во Ајурведската исхрана, квалитетот на шесте вкусови се од многу големо значење. Нашите билни, зачински и овошни мешавини се толку избалансирани во нивниот вкус, што со нивното уживање се помага да се одржи совршена рамнотежа во човековиот брз ритам на живот. Овие лесни, полни со вкус мешавини на вечна мудрост му дозволуваат на вашиот внатрешен потенцијал да се развива во хармонија и да му дозволи на вашиот дух да се воздигне.
Кундалини Јога
Позната и како “јога на свесноста”, Кундалини јогата се состои од медитации и вежби кои се фокусираат на седумте чакри во телото, или енергетските центри. Зборот “Кундалини” се однесува на сплетот на енергија која постои во секој од нас, чекајќи да биде ослободена. Кундалини јогата го отклучува потенцијалот на духот, подобрувајќи ја јасноста, креативноста и свесноста. Практикувани со илјадници години на Хималаите, тајните на Кундалини јогата конечно го најдоа својот пат во светот. Рецептите на YOGI чаевите се базирани на оригиналната мешавина која се послужувала на првите Кундалини јога ученици во доцните 60 ти години од XX век. Секое од нашите пакувања дури и покажува едноставна јога вежба, за да може секоја личност да има корист од Кундалини мудроста додека ужива во вкусната шолја чај.
Ние во YOGI TEA® веруваме во љубезноста кон околината како и кон телото и душата. Поради тоа нашите чаеви потекнуваат од најквалитетни состојки и се сетрифицирано органски. Во одржување на нашата филозофија, ние не употребуваме било какви вештачки или генетски модифицирани состојки, а нашето пакување е еколошко.