Sunilens

Call Directions Website Contact the business

Sunilens Supply of quality food products, collection and recycling of used cooking oils, solar energy

Ние имаме 30 годишно искуство како лидери во трговијата со прехрамбени суровини и полупроизводи во Македонија. Опслужуваме широк спектар од над 1000 производители во мелничко-пекарска, кондиторска, хорека, конзервна и други прехрамбени индустрии. Суниленс е главен увозник за Македонија на индустриската програма на Дијамант АД, додека нашето портфолио на прехрамбени артикли застапува и други брендови од Србија, Малезија, Индија и Италија. Во 2009 година Суниленс започна со собирање, складирање и третман на отпадни масла и масти за јадење од растително потекло како прва овластена и лиценцирана компанија од страна на Министерството за животна средина за оваа дејност во Македонија. Преку вршење постојана едукација на секој создавач на отпадни масла за јадење како и воспоставување на модерни системи во управувањето и трговијата со неопасен отпад, ние веќе неколку години наназад сме сертифицирани за оваа дејност и на ниво на ЕУ.

♻️ ЕКОЛОГИЈА + ХУМАНОСТ 🤝Преку еко-хуманитарниот проект  #рециклирајидонирај заклучно со месец септември годинава донира...
15/10/2026

♻️ ЕКОЛОГИЈА + ХУМАНОСТ 🤝

Преку еко-хуманитарниот проект #рециклирајидонирај заклучно со месец септември годинава донирани се вкупно 636 литри на сончогледово масло до социјално загрозени семејства. Проектот функционира од 2017 година благодарение на граѓаните кои активно собираат отпадни растителни масла и учествуваат во иницијативата со донации на сончогледово масло. Досега преку оваа еко-хуманитарна платформа собрани се и рециклирани 49.238 килограми отпадни растителни масла од домаќинствата кои понатаму се користат за добивање на зелено гориво биодизел 🌍.

📦 Донациите на сончогледово масло од страна на собирачите и нашата компанија се предаваат на месечно ниво до Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness кои долги години континуирано работат за да обезбедат најдобри можни услови и напредок во општеството за најранливите категории на граѓани.

♻️ Проектот #рециклирајидонирај функционира на следниот начин:

✅ за секои собрани 3 литри отпадно масло, граѓаните добиваат 0,5 литри сончогледово масло за јадење кое може да го задржат за себе или истото може да се донира до социјално загрозени семејства преку Љубезност.

💚 Продолжуваме и понатаму одговорно и одржливо заедно со над 3.000 еко-свесни и хумани домаќинства.

#ЉУБЕЗНОСТ #ОдржливРазвој #екоиницијатива #хуманост #зеленазаедница #Рециклирање #одговорноделување #еконавики #помошзасите #заштитанаживотнасредина #граѓанскаиницијатива #ХранаЗаСите #екохуманост #Солидарност

🌱
14/10/2026

🌱

Наша должност е да не дозволиме отпадното масло да стане загадување!🚱Го собираме. Го предаваме. Му даваме нова вредност♻...
11/09/2026

Наша должност е да не дозволиме отпадното масло да стане загадување!🚱

Го собираме. Го предаваме. Му даваме нова вредност♻️.

#рециклирајидонирај #заеднојаштитимеприродата #ЦиркуларнаЕкономија #учимезаотпаднимасла #екологија

ЗАШТИТИ ЈА ПРИРОДАТА И РЕЦИКЛИРАЈ ОТПАДНО МАСЛО СО НАД 2.500 ЕКО-СВЕСНИ ДОМАЌИНСТВА ♻1. Собирај го маслото кое останува ...
02/09/2026

ЗАШТИТИ ЈА ПРИРОДАТА И РЕЦИКЛИРАЈ ОТПАДНО МАСЛО СО НАД 2.500 ЕКО-СВЕСНИ ДОМАЌИНСТВА ♻

1. Собирај го маслото кое останува при пржење на храна, масло од рибни конзерви или остаток од салати во нашите 3 литарски садови или во веќе искористена пластична амбалажа.

2. Јави се на нашата еко линија ☎070 264 444 за да го подигнеме собраното масло и да ви доставиме нов и чист сад.

3. За секои собрани 3 литри отпадно масло преку нашата еко-хуманитарна платформа #рециклирајидонирај ви следува 0.5 литри на сончогледово масло кое може да го задржите за себе или да го донирате до бездомни семејства преку Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness.

4. Секој литар отпадно масло кое влегува во нашиот технолошки систем завршува како суровина за еколошко гориво - биодизел.

#собирајотпадномасло #рециклирајмасло #биодизел #одржливост #заеднодајазаштитимеприродата #ЦиркуларнаЕкономија #екологија #учимезаотпадномасло

24/08/2026

Што всушност се случува со отпадните растителни масла кои ги собирате? ♻
Погледнете го целиот зелен циклус на овој отпад од неговото собирање и преработка, па сè до добивањето на одржливо и обновливо био гориво.
Нашите еколошки постапки се корисни за животната средина и за нашата иднина. 🌎

#собирамеотпаднимасла #биодизел #ЦиркуларнаЕкономија #рециклирајидонирај #отпаднимасла

🎉🏆 Со голема чест и неизмерна благодарност, Sunilens ги прогласува победниците од еко наградната игра за верните подржув...
05/08/2026

🎉🏆 Со голема чест и неизмерна благодарност, Sunilens ги прогласува победниците од еко наградната игра за верните подржувачи на еко проектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадни масла за јадење“ во која учествуваа градинките со огромен ентузијазам, посветеност и љубов кон природата. 💚♻️

Благодарение на децата, нивните родители, воспитувачите и целиот персонал, собрани се значителни количини отпадно масло кое наместо да ја загадува природата, ќе биде правилно рециклирано и повторно искористено.

🌍 Секоја капка отпадно масло што е правилно одложена значи почиста почва, почисти води и поздрава животна средина за сите нас.

🥇 1. место – ЈДГ „8 Март“ Скопје,
🥈 2. место – Gradinka Raspeana Mladost
🥉 3. место – Градинка “Пролет”- Карпош - Скопје

👏 Од срце им честитаме на победниците!

Вашата посветеност е доказ дека кога заедно работиме за една цел, можеме да создадеме вистинска промена.

♻️ Ви благодариме што сте дел од нашата зелена приказна!

#РециклирајДонирај #ОтпадноМасло #Екологија #ЧистаПрирода #ЗеленаИднина #МалитеХероинаприродата

🌿💚 Еко-хероите се оние кои со својот пример создаваат подобра иднина!Со особена чест ја претставуваме нашата долгогодишн...
14/07/2026

🌿💚 Еко-хероите се оние кои со својот пример создаваат подобра иднина!

Со особена чест ја претставуваме нашата долгогодишна соработничка и вистински Еко Херој, Славица Стојковска од Скопје, која уште од 2018 година активно учествува во собирањето и рециклирањето на отпадното масло за јадење.

Како одделенски наставник во ОУ „Страшо Пинџур“, населба Даме Груев, Општина Ѓорче Петров, таа не само што со личен пример покажува како се грижи за животната средина, туку својата љубов кон природата ја пренесува и на своите ученици.

Во текот на минатиот месец, учениците од II-Б одделение имаа можност да научат колку е важно отпадното масло од домаќинството да не завршува во одводите и природата, туку правилно да се собира и рециклира. Благодарение на посветеноста на наставничката Славица, децата ги усвојуваат вредностите на одговорното однесување кон животната средина и ја носат оваа порака и во своите домови.

👏 Голема благодарност до наставничката Славица Стојковска за нејзината долгогодишна поддршка, како и до сите ученици од II-Б одделение, кои покажуваат дека малите чекори направени заедно создаваат големи промени.

💚 Заедно воспитуваме генерации кои знаат дека грижата за природата започнува од сопствениот дом.

#ЕкоХерој #РециклирајОтпадноМасло #Суниленс #ОдМалиНозе #ЧистаЖивотнаСредина #Едукација #ООУСтрашоПинџур #ЃорчеПетров #дамегруев #заподобраиднина

🌱 Секоја голема промена започнува со едно мало „Зошто?“„Зошто не треба отпадното масло да го истураме во одводот?“, „Што...
02/07/2026

🌱 Секоја голема промена започнува со едно мало „Зошто?“

„Зошто не треба отпадното масло да го истураме во одводот?“, „Што се случува кога го рециклираме?“, „Како можеме ние да ѝ помогнеме на природата?“

Токму преку вакви прашања и практични активности, дечињата од градинката Градинка „Росица“ Ѓорче Петров во Општина Ѓорче Петров секој ден откриваат дека и тие можат да бидат вистински чувари на животната средина. 💚

Нашата најголема радост не се само работилниците, туку моментот кога знаењето од градинката се носи дома, а во еко-приказната се вклучуваат и родителите. Така се создаваат навики што остануваат за цел живот.

👏 Искрена благодарност до вредните воспитувачи и целиот тим на градинката за нивната креативност, енергија и посветеност, како и до родителите кои се секогаш поддршка на своите најмали еко-херои.

💚 Кога децата учат денес, природата добива подобро утре.

#зачувајприродата #Рециклирање #ГрадСкопје #ЕкоПроект #ЗачувајПриродата #Рециклирање #ГрижаЗаЖивотнатаСредина #ЕкоСвест #СобирамеИРециклираме #СкопјеЕко #ЕкоГрадинки #ЕкоХерои #ЗеленоСкопје #ЕколошкаСвест #ГрижаЗаПриродата

🍳 Секој оброк започнува со љубов... а може да заврши со добро дело. 💚По вкусниот ручек останува нешто што најчесто го за...
26/06/2026

🍳 Секој оброк започнува со љубов... а може да заврши со добро дело. 💚

По вкусниот ручек останува нешто што најчесто го забораваме – искористеното масло за јадење. Наместо да заврши во одводот и да ја загадува природата, дајте му нова шанса. ♻️

📦 Соберете го во нашата кофичка, а кога ќе се наполни, јавете се на: ☎️ 070 264 444. Ние ќе го преземеме и ќе се погрижиме да биде правилно рециклирано.

Со секој литар отпадно масло:
💧 ја чуваме чиста водата,
🌱 ја штитиме почвата,
❤️ и преку проектот „Рециклирај и донирај“ помагаме на оние на кои поддршката им е најпотребна.

Малите навики создаваат големи промени.

Уживајте во викендот, создавајте убави спомени со најблиските и не заборавајте – секоја капка што ќе ја рециклирате е чекор кон почиста и похумана иднина. 🌍💚

#РециклирајИДонирај #ОтпадноМасло #ЕкоНавики #ЧистаПрирода #ЧистаВода #ЗелениНавики #Рециклирање #ЖивејЗелено #Хуманост #Македонија

🌈 Голема благодарност и честитки за дечињата, родителите и воспитувачите од Детска градинка Виножито во Општина Сопиште!...
23/06/2026

🌈 Голема благодарност и честитки за дечињата, родителите и воспитувачите од Детска градинка Виножито во Општина Сопиште! 👏💚

Со многу ентузијазам, креативност и посветеност, тие активно се вклучени во #екопроектот „Учиме за собирање и рециклирање на отпадно масло за јадење“. Покрај собраните количини на отпадно масло, во градинката беа реализирани и интересни едукативни активности преку кои најмладите учеа како со мали чекори можат да придонесат за почиста и поздрава животна средина. ♻️🌍

Посебна пофалба до воспитувачите кои секојдневно ги инспирираат децата да развиваат еколошки навики, како и до родителите кои се нивна најголема поддршка во оваа важна мисија.

Токму преку вакви заеднички активности создаваме генерации кои знаат дека грижата за природата започнува од дома. 💚

Браво за Детска градинка Виножито! Продолжете да бидете пример како се гради еколошка свест уште од најрана возраст. 🌈♻️

#зачувајприродата #Рециклирање #ГрадСкопје #ЕкоПроект #ЗачувајПриродата #Рециклирање #ГрижаЗаЖивотнатаСредина #ЕкоСвест #СобирамеИРециклираме #СкопјеЕко #ЕкоГрадинки #ЕкоХерои #ЗеленоСкопје #ЕколошкаСвест #ГрижаЗаПриродата

Address

Kacanicki Pat 140, Industriska Zona Vizbegovo
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38970264444

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Sunilens posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Sunilens:

Shortcuts

Share