Gevino Wine

Gevino Wine Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Gevino Wine, Wine/Spirits, Ss Cyril & Methodius 38, Skopje.

🍷 Сортно македонско вино

𝘄𝘄𝘄.𝗴𝗲𝘃𝗶𝗻𝗼.𝗰𝗼𝗺.𝗺𝗸

🚛 Достава низ цела Македонија.

📍 Достапни за Скопје и преку WOLT (линк во био).

🔞 Оваа страница е наменета исклучиво за полнолетни лица (18+).

Ве охрабруваме на одговорна консумација. Започнавме на 26.07.2017 година како млад тим ентузијасти. Си поставивме цел- да го смениме општото мислење за виното флаширано во пластична амбалажа. Долгогодишното с

тагнирање во погледот на креативност и иновативност во поглед на амбалажата, сосема незаслужено го стави виното во пластична амбалажа во втор план дури и во однос на квалитет споредбено со виното флаширано во стакло. Често и ние сме биле сведоци само затоа што воопшто не се води грижа за изгледот на етикетата да помислиме дека купуваме вино од ‘’втора класа’’ или во најмала рака да бидеме барем сомничави. За да се увериме, се решивме за долгомесечно истражување. 65% проценти од Вас, истакнаа дека токму виното најпрво го бираат по неговиот изглед. Се потврди и нашето мислење за тоа зошто виното во пластика полека ја губи битката со стаклото. Неспорно е дека виното во стаклена амбалажа има свои предности, но зошто и тоа во пластика да нема свои ? Тоа и го направивме. Најпосле, по пет месечна детална анализа, консултации, размена на идеи, семинари и потрага по најдоброто вино од нашите простори, и официјално стартувавме. Во соработка со РИГО ИМПЕКС, компанија која е основана како семеен бизнис во 1990 година, сметаме дека го добивме и последниот, но најважен дел од сложувалката наречена КВАЛИТЕТ.

РИГО ИМПЕКС своите први количини на наливно вино ги извезува во Германија, во 1992 година. Во 2000та година, ја градат Винарската визба во Гевгелија, на „Мрзениски рид“ со убав поглед на целиот град и Вардарската долина. Компанијата има 82 вработени кои овозможуваат да се одвиваат производствените процеси, како и да се подигнуваат и одржуваат лозовите насади. Покрај Винаријата во Гевгелија која има капацитет од 15.000.000 литри, Риго Импекс поседува и помала Винарија во Валандово со капацитет од 2.500.000 литри. Лозовите насади со кои располага компанијата се на површина од 120 хектари каде се одгледуваат различни сорти на грозје за сопствени потреби. Компанијата се стреми кон одржување и подобрување на квалитетот на производите, преку имплементирање на ISO стандардите , а за одржаниот квалитет се потврда и долгогодишните партнерски односи со клиенти од Германија, Србија и Канада. Асортиманот се состои од слатки, полу-слатки и суви вина, зависно од потребите на клиентите.

По сето ова, ГЕВИНО следејќи ги сите стандарди и најсовремени техники на работа, ставајќи посебен акцент на Вашите потреби, како најбитна алка од целиот синџир, створивме нов, иновативен и креативен излед на виното во пластика со кој се побиваат сите оние кои мислат дека тоа не може да изгледа ни приближно исто како во стакло. Може, и тоа уште подобро. Во комбинација со одличниот докажан квалитет на виното и достапна цена, ГЕВИНО се труди, и ќе се труди, да ги задоволи и апетитите на најголемите критичари. Нашата визија е да постанеме бренд препознатлив по квалитетно сортно гевгелиско вино, додека пак нашата мисија е вино кое брзо и лесно ќе биде достапно до секоја од Вашите трпези. ..Најдоброто од ГЕвино...НА ЗДРАВЈЕ !

💫 Отсега креирај сам и виски & џин! 🥃🍸👉 Покрај вино и ракија, воведуваме и нова опција за креирање на сопствен дизајн пр...
15/06/2026

💫 Отсега креирај сам и виски & џин! 🥃🍸

👉 Покрај вино и ракија, воведуваме и нова опција за креирање на сопствен дизајн преку 𝗪𝗼𝗹𝘁 и на виски и џин.

Креирај, нарачај и добиј го 𝗰𝘂𝘀𝘁𝗼𝗺 𝗺𝗮𝗱𝗲 пијалокот во Скопје за 30 минути!

Gevino...For the moments that matter! ❤️




🍷 НАЈПРОДАВАНО: Бело вино Мускат Темјаника 250 денари 🍷 Црвено вино 100% Вранец 210 денари 🍷 Розе вино Мускат Хамбург 23...
10/06/2026

🍷 НАЈПРОДАВАНО: Бело вино Мускат Темјаника 250 денари
🍷 Црвено вино 100% Вранец 210 денари
🍷 Розе вино Мускат Хамбург 230 денари

👉 Можност и за МИКС ВИНА ВО ПАКЕТ ПО ИЗБОР�🍇

🚛 Достава:
📍 Скопје: 90 денари или БЕСПЛАТНА ДОСТАВА за 2+ пакети
📍 Македонија: 150 - 300 денари
📦 Минимум нарачка 1 пакет - 6 вина

🎯 За нарачка, пишете ни во порака или на Вибер 079/228-388

⚠️ Дечки, ова не е за секого, информациите се вознемирувачки...
09/06/2026

⚠️ Дечки, ова не е за секого, информациите се вознемирувачки...

🧠 Кога и AI има вкус 🤌❣️
09/06/2026

🧠 Кога и AI има вкус 🤌❣️




🍀 Кога универзумот ти испраќа порака...
08/06/2026

🍀 Кога универзумот ти испраќа порака...

🧀 Прочитајте со кои 3 сирења се комбинираат нашите вина 🍷
02/06/2026

🧀 Прочитајте со кои 3 сирења се комбинираат нашите вина 🍷




📍 Наскоро во Гевино 👇▪️Шардоне 0.187мл▪️Розе 0.187Gevino...For the moments that matter! ❤️
24/05/2026

📍 Наскоро во Гевино 👇

▪️Шардоне 0.187мл
▪️Розе 0.187

Gevino...For the moments that matter! ❤️




👉 Како кучето мое нигде нема друго... 🤷 #Скопје    #Македонија
13/05/2026

👉 Како кучето мое нигде нема друго... 🤷

#Скопје


#Македонија

👉 Ние креваме на телефон 🫡 #Скопје
12/05/2026

👉 Ние креваме на телефон 🫡

#Скопје

Address

Ss Cyril & Methodius 38
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Gevino Wine posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Gevino Wine:

Share

Category