Kozi mleko planina

Call Directions Contact the business

Kozi mleko planina Кози Млеко Планина е козарска фарма стационирана во С.

Вчера козите не излегоа на прошетка. Имав задолжителен предстој од неколку часови во цивилизацијата на социјализација, д...
22/10/2026

Вчера козите не излегоа на прошетка. Имав задолжителен предстој од неколку часови во цивилизацијата на социјализација, да не речам тоа што треба да се сработи за цел ден, да се сработи за 1/3 ден, но како што кажав, не смеам да не дојдам зашто Дина за уши ќе ме симнеше.

Повод беше настанот "Келнер, дај полнач!" Во МКЦ каде преку поезијата на .mj беа изложени илустрации со содржината од поезијата од страна на .atelier - стари пријатели со силна "Слојчка" врска и креатор на логото Кози Млеко Планина, - сестричка.. и ми представуваше чест да ја запознаам brankicajordanovska - веќе сум сигурен дека ќе биде другарка со козите...

Со сиренциња во форма на срце, Ра Шевр, им честитав за успехот и со симпатии гледам на тоа како долготе пријателства создаваат и плодови, што се собрани во еден проект а јас и козите посакуваме уште многу.

И сето тоа во еден комотен и културен амбиент, по ѕидовите, илустрации, во поширокиот простор кафански маси со столчиња. Пошто сум навлечен на Ра Шевр, си земав со мене мала тацна, сиренце и печени ореви, и убаво жестоко за секој случај. Таквиот амбиент ме подсети на албумот на Zabranjeno pusenje - Dok cekas sabah sa shejtana, се осетив комотно како пред фарма, моравме да го издокументираме со Buljo

A ti si mu široko otvorio dušu
I pustio u nju šejtana
I pustio u nju šejtana
I pustio u nju šejtana

#КозиМлекоПланина #КелнерДајПолнач #Мкц #Раштак

Шах Мат♟️Пред неколку денови ме фати криза за комбинацијава сирење со темно чоколадо па инкогнито претрчав до цивилизаци...
21/10/2026

Шах Мат♟️

Пред неколку денови ме фати криза за комбинацијава сирење со темно чоколадо па инкогнито претрчав до цивилизација за чоколадо и одма се прибрав назад, ко скриен ракун пред отворен фрижидер во некоја усвет бензиска сецкав Ра Шевр и кршев од чоколадцето. Само на фарма, пред да ги пратам на спиење козите.

Кога ќе спомнеш сирење и чоколадо одма ти доаѓа бљак зашто поим за сирење е она досадното бело сирење од канта, и сигурно би било бљак, но кога сирењето нема да види солило или фазата на солење е одмината или пак солењето е суво - тогаш сирењето овозможува спектар на вкусови со различни намирници меѓу кои и чоколадо.

После вкусување сирење кое е кремасто и млечно, е тогаш после тоа залче, парче темно чоколадо, мене ми оди многу добро, со мешање на овие две намирници практично во уста се добива млечно чоколадо 🧀🍫🤤

Како тргнало Ра Шевр сам ќе си ги изедам 😆

#КозиМлекоПланина #РаШевр #ТемноЧоколадо #Раштак

100% Raw Primal Smoothie „Прајмал“ смутито претставува густ, хранлив пијалак, инспириран од принципите на исхраната на н...
20/10/2026

100% Raw Primal Smoothie

„Прајмал“ смутито претставува густ, хранлив пијалак, инспириран од принципите на исхраната на нашите предци, палео-исхраната или исхраната со сирова храна. Се става акцент на целосно необработени состојки, притоа исклучувајќи ги рафинираните шеќери и вештачките адитиви.

Минатите години практикував повеќе да конзумирам вакви смутиња кои покрај тоа што практично заменуваат оброк, со малку се осеќаш сит и има што да работи во желудникот, а на стомакот лесно.

Најчесто го подготвувам само со лажица мед, едно живо јајце дирекно од кокошарник, сеуште топло и 4-6 млаза млеко зависи од која коза, потоа сето тоа се размучкува и пие. Јас немам проблем со лигавоста на јајцето но како алтернатива може состојките да се размешаат со маталка за нес.

Затоа што козите пресушуваат од ден на ден, не ми се пропушташе прилика да подготвам едно Џамбо прајмл смути со збогатени додатоци: покрај мед, млеко и јајце, додадов ореви штотуку паднатни и врвче од маточина - маточина сега само кај мене во бавча - кога сум носел тресет од шумата имало семиња на маточина.

Првото сркнување беше токму врвчето маточина со мента вкус измешан со медено млеко, па жолчката и лигавата белка сето тоа во благуњаво млечен вкус и на крај останаа оревите, омекнати и упиени од млекото и медот. Оброк Бомба, живи, најживи тазе ензими 🥛🥚🍯🌰🍀

#КозиМлекоПланина #СезонскоИЛокално #Раштак

Кралството на крушките 🍐Посетуваме места кои не сме ги посетиле уште од рана пролет, прилично во близина, а дивина, се п...
19/10/2026

Кралството на крушките 🍐

Посетуваме места кои не сме ги посетиле уште од рана пролет, прилично во близина, а дивина, се погодило местото за самоникнати, диви, кои НЕ се сертифицирани органски - диви крушки од чии семиња експериментирам.

Како и трнинките и шипинките, така и крувчињава по првиот мраз почнуваат да омекнуваат и скробот станува како сладок крем, нема многу , но затоа повеќе крушки бркаат работа, кли пак на четвртини и компот, или сушени за чај во зимските месеци а како што гледате и козите ги сакаат.

Сезонско и локално + самоникнато.

Воглавно козите ги јадат паднатите затоа што им дошло времето, оваа на сликава, во случајов се зезнува, пробува зелена и повеќе не пробува 🤣

Шетањето повторно пониско е практично зашто брзо се напасуваат овој период - голтаат желади и самоникнати шумски плодови кои се дел од раштевскиот раскошен биодиверзитет, но исто така и превенција против пожари, ќе се скастри вишокот - тука одговорно тврдам дека нашиот модел не делува експлоатирачки по природата, едноставно немаат козите амбиција да направат "пепел" околу себе или се да изедат и да изгазат. После неколку дена иста рута, самите сакаат да посетат друг предел, а и јас.

#КозиМлекоПланина #ШтоЈадатКозите #СлободноЧување #Раштак

Ете го!! Ра Шевр ✨️Вчера сецнав едно од првата серија, морав да пробам за да видам дали тоа е посакуваниот момент за да ...
17/10/2026

Ете го!! Ра Шевр ✨️

Вчера сецнав едно од првата серија, морав да пробам за да видам дали тоа е посакуваниот момент за да го "заробам" вкусот, да не се пресуши или пак да не се населат габи, да остане вака, карамел вкусот.

Парчињата се мали, но вкусот прогонува, на првото залче слушнав глас кој ме наговара: "ставај одма вино да се лади", па после ми текна на темно чоколадо како ќе легне со тенки ленти Ра Шевр, па со овошје и така, цело парче го фукнав на нога планирајќи со што би одело, но гласови уште ме прогонуваат дали станушина дали жилавка да ставам да се лади.

Во Бра на Cheese бев редовен гостин на штандот на едни од Франција, по 6-7 евра за вакво парченце оставав а тоа дека овој стил на сирење го мцкав вчера повторно на чардак за мене има дополнителна тежина. Млечно, нежно, карамелче.

Морам следната година многу почесто и повеќе да правам вакво сирење!!

#КозиМлекоПланина #РаШевр #карамелче #Раштак

Јадење и пиење здосадува, но планината не!!Полека но сигурно патуваме кон уште едно зимо, деновите стануваат се покуси и...
16/10/2026

Јадење и пиење здосадува, но планината не!!

Полека но сигурно патуваме кон уште едно зимо, деновите стануваат се покуси и постудени, доаѓа оној период кога ќе се разбудиш, се подолго се растегнуваш во кревет, не ти се станува зашто треба веднаш да се соочиш со студот - до вчера бевме по кратки ракави и шорцеви што се вика, но ќе се адаптираме.

А планината, таа станува маѓична, листовите на дрвата ги менуваат боите а козите го збогатуваат целиот амбиент, во голема мера се со главите надоле и ги голтаат желадите иако во исхраната имаат сеуште шума, се понадевав на печурки по последните дождови но ветерот ја суши влагата и ноќите стануваат се постудени.

Го сакам овој дел каде треба да се облечеш поозбилно и прошетката е комотна, за секој случај во џебот имам и зимска капа зашто почнува да студи на ушите особено кога проаѓаме по отворените ливадски пространства, на студот не е имуно ни Мало Куче кое пред некое време си доби дуксер со капуљача, козите го гледаат со чудење, а кога дотерува до мене со ваков имиџ, мислиш ќе ти изрецитира некој рап 🤣

Вчерашното зајдисонце беше навистина спектакуларно, на небото и пинк и фројд заедно, просто привилегија да бидеш чинител под небото.

#КозиМлекоПланина #СлободноЧување #Планина #Раштак

Кога веќе ми тргна со храна и дегустации неделава.. let it roll - јарешко со пире.Зашто немав време да јадам на маса как...
15/10/2026

Кога веќе ми тргна со храна и дегустации неделава.. let it roll - јарешко со пире.

Зашто немав време да јадам на маса како нормален, спакував сеуште топол ручек за во планина, баш бев гладен но чекав козите да се укотват некаде и кога застанаа избрав позиција каде дабовите дрва правеа завет за да не ме дува ветер а сепак да имам надзор над стадото.

Врз врело пире истурив суви парчиња и трошки од различни сирења добро измешано и одозгора дел од јарешки врат, сето тоа прелиено од течноста во која се печеше месото кое го подготви мајка ми.

За мене лично, можеби и пристрасно но јарешкото ми е број еден, неколку наврати имам пробано јагнешко но е по масно и по интензивно за мој личен вкус, тука сигурно има улога и тоа што знам како е исчувано јарето - 2 месеци на млеко растено и со најмеката детелина хрането, без никакви витаминчиња или хормони за да нагодиме кога да се родат и брзо да напредуваат. Често велам дека само ние по балканот и блиски исток одгледуваме вака и затоа ни почнува млечната сезона многу подоцна за разлика од повеќето фармери по Европа кои веќе 14 февруари имаат меки козји сирења, значи или јарињата ги одгледуваат на заменско млеко или тоа другото. Би рекол дека сум жртва на сопствените етички и морални вредности и еднаш годишно животот ми удира шлаканица чисто да ме потсети што се мора ние фармерите да правиме за оддржливоста на одгледувањето и благосостојбата на добитокот, поднесувајќи ја жртвата за која знаеле уште во неолитот.

Оваа објава не е реклама за јарешко, впрочем нема јариња сега, ова е само уште една објава во "дневникот" за фармерски живот и храната која ни дава енергија да се спротиставиме на предизвиците, како физички така и умствено.

#КозиМлекоПланина #Јарешко #РуралФуд #Раштак

Што ќе ти е животот ако не го прославуваш - беше одговорот до една госпоѓа, делегат од германското министерство за земјо...
14/10/2026

Што ќе ти е животот ако не го прославуваш - беше одговорот до една госпоѓа, делегат од германското министерство за земјоделие пред 2-3-4 години која застана пред мојот штанд и забележа дека пијам вино и мезам од моите млекотворби.

Ние фармерите колку и да не сме ин или сме врзани со добитокот, имаме ексклузивна можност да се наситуваме од плодовите на сопствениот физички и умствен труд а притоа и мораме, како ќе бидеме сигурни во тоа дека пријателот кој ќе го поддржи нашиот труд ќе го добие најдоброто ако не вака, постелен пред фарма додека козите џвакаат во штала.

Многу лесно од потреба да се згрееш и замезиш нешто зашто немаш време да дома да го правиш тоа или испаднало нешто дополнително, ваквите спонтани постапки често завршуваат во прослава на животот и задоволство од стореното... се додека не се јават синдикатките Драгица или Марица за да им доставиш јадење во јаслето.

Темно чоколадо и пијана Калеш мара + орев ЛЕ ЛЕ БРЕ!! 🤯😋🤤

#КозиМлекоПланина #дегустација #фарма #Раштак

Донт тач, пип кљук 🐔 #КозиМлекоПланина  #Кокошки  #јајца    #Раштак
13/10/2026

Донт тач, пип кљук 🐔

#КозиМлекоПланина #Кокошки #јајца #Раштак

Млекао 🥛🍫✨️Ми се пиеше нешто топло но да не биде кафе, туку баш топол благ напиток во кој ќе украдам некој млаз од козит...
12/10/2026

Млекао 🥛🍫✨️

Ми се пиеше нешто топло но да не биде кафе, туку баш топол благ напиток во кој ќе украдам некој млаз од козите, и се сетив ова кое го уживам на пауза додека козите го џвакаат првиот оброк.

Ова е уствари какао, ама го правам појако, со повеќе какао а помалку вода, кога ќе се свари додавам лажица шеќер или мед и молзам млеко од централа директно во какаото.

Млазот млеко ја размешува и хомогенизација целата смеса а и температурата доаѓа таман, пената која се формира е прекрасна, ќе испадне работава дека најдобрата млечна пена само на фарма, покрај тоа кога ќе стигнам до дното, тоа густото од какаото повторно го дополнувам со млеко од централа како zero waste.

Мачките во несвест паѓаат кога ќе чујам како молзам 😆

#КозиМлекоПланина #Млекао #централа #Раштак

Address

Rashtak, Ulica 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 21:00
Tuesday 08:00 - 21:00
Wednesday 08:00 - 21:00
Thursday 08:00 - 21:00
Friday 08:00 - 21:00
Saturday 08:00 - 21:00
Sunday 08:00 - 21:00

Telephone

02 2 575 808

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kozi mleko planina posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Kozi mleko planina:

Shortcuts

Share