05/07/2026
Сокот што мора да го пробате овие топли денови ☀️
Ова е вистинско освежување! Наш предлог е да го сервирате добро изладен или со неколку коцки мраз 🧊
🥕🌱 Комбинацијата од состојките го прави овој сок природен извор на бета-каротен, витамин C, фитонутриенти и хлорофил.
Еден многу важен детал: микробилките не се ставаат во соковник. Наместо тоа, изблендирајте ги со мал дел од готовиот сок, а потоа соединете ги со остатокот. Така ја зачувувате нивната свежина и хранливи материи.
Carrot Glow Juice 🥕🍊
Состојки:
• 2 јаболка
• 4–5 моркови
• 1 портокал
• сок од 1 лимон
• една рака свежи микробилки од морков (или брокула), околу 20–30 g
• по желба, 1 лажица мед
Количините можете да ги прилагодите според вашиот вкус.
Од овие состојки се добиваат приближно 500-700 мл сок.
Подготовка:
Исцедете ги јаболката, морковите и портокалот во соковник. Микробилките изблендирајте ги со малку од готовиот сок, па додајте ги во чашата и нежно промешајте. На крај, додадете го свежо исцедениот сок од еден лимон и, по желба, лажица мед.
Пишете ни впечатоци 🧡
#Рецепти #Микробилки