Gotvenite jadenja na mama

Gotvenite jadenja na mama Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Gotvenite jadenja na mama, Kitchen/Cooking, Skopje.

🇲🇰Македонски традиционални јадења
👩‍🍳Малите тајни на нашите мајки и баби
♨️брзи лесни нови и интернационални јадења
Се на едно место , преку едноставни видеа со детален опис и рецепт 👌

23/08/2026

🇲🇰 Ајвар 🌶
Конечно дојде она време во годината кога целото маало мириса на печени пиперки и тазе пржен ајвар 😍

Со првите пиперки ја отвараме најубавата сезона во годината со мирис и вкус на најубавата традиција ❤️

Дали се согласувате , дека ова е најубавиот мирис и вкус од нашето детство ?
Особено омилен ми е крајот после собирање на ајварот , кога со тазе лепче мацкаме директно од шерпа 🤩 нема поубаво 🙌

21/08/2026

Колач со сливи 🫐
Ова е еден од оние колачи што се прават брзо, едноставно и без многу комплицирање, а резултатот е прекрасен. 😍

Половина кг сливи
2 лажици шеќер ( може и кафеав )
цимет по желба

3 јајца
4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
80 мл масло
200 мл јогурт
3 лажици гриз
5 лажици брашно
1 прашок за печиво

Подготовка:
Сливите измијте ги, извадете им ги семките и исечете ги на парчиња. Додадете им го шеќерот и промешајтр убаво . Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење

Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете го маслото и јогуртот, па измешајте. На крај додадете ги брашното, гризот и прашокот за печиво.
Смесата истурете ја рамномерно врз сливите и печете во загреана рерна на 180°C околу 35–40 минути.
Оставете го колачот околу 15 минути да се излади, па превртете го на чинија така што сливите ќе останат одозгора.
И тоа е тоа! 🥰
Брз, сочен и миризлив колач со сливи – баш како што сакам домашните колачи. ❤️
Ако го правите, зачувајте го рецептот, бидејќи сезонава со сливи сигурно ќе го повторувате! 🫐✨

14/08/2026

🫑🍆МАЛИЏАНО со вкус и мирис на нашата традиција , направено во удобноста на твојата кујна ? СЕКАКО ДЕКА Е МОЖНО!
ЕВЕ КАКО ДА СИ ГО НАПРАВИШ. ❤️

Најпрво да ви кажам дека најтешката работа, односно мелењето, овојпат се заврши лесно, брзо и едноставно – со помош на Delimano Македонија апаратот за мелење .

Апаратот сам си меле, без никаков напор, и за многу кратко време добивате совршено мелен зеленчук. Јас го користам и за свежо мелење месо, но овојпат, за зимницата, мислев дека главниот помошник ќе биде баш овој апарат. ❤️

Кога сме кај малиџанот, ви требаат убави зелени пиперки од сортата капија и модри патлиџани.

ЕВЕ ГО РЕЦЕПТОТ:

🔸 4 кг меснати зелени пиперки
🔸 3–4 кг модри патлиџани
🔸 Околу 600 мл масло
🔸 150 мл оцет, по можност вински
🔸 150 г шеќер
🔸 100 г сенф
🔸 Сол по вкус

Најпрво во плех наредете ги пиперките и патлиџаните и испечете ги. Јас пиперките ги испеков на двапати, а модрите патлиџани во еден плех.

Печените зеленчуци ставете ги во кеса и затворете ги, па оставете ги да стојат додека не се подоладат.

Потоа излупете ги и исчистете ги од семките.

Така исчистени, ставете ги во цедалка убаво да се исцеди вишокот вода.

Со помош на апаратот за мелење измелете ги зеленчуците .

Во длабоко тенџере ставете масло да се загрее
Откако ќе се загрее, додадете ги мелените пиперки и модри патлиџани.

Пржете околу 45 минути до 1 час, со повремено мешање.

При крај додадете ги оцетот, шеќерот, солта и сенфот.

Пржете уште кратко, додека сите состојки убаво не се соединат.

При крај на пржењето, убаво измиените тегли ставете ги во рерна на ниска температура да се загреат.

Во врелите тегли собирајте го врелото малиџано и убаво затворајте ги теглите.

Превртете ги теглите, завиткајте ги во ќебе и оставете ги да стојат најмалку 12 часа.

На овој начин малиџаното е убаво подготвено и безбедно за чување и во текот на цела зима. 😊❤️

06/08/2026

Овој ручек знам дека летово ќе стане и ваш омилен. 😍 Лесен е, брзо се подготвува и изобилува со бои и вкусови. 🙌

Во видеото ви ја покажувам целата постапка, но и двете најголеми тајни за секој успешен домашен ручек.

🥕 Првата се свежите и квалитетни намирници – особено свежиот зеленчук и овошје, кои секогаш ги наоѓам во Spar Macedonia.

🍳 Втората се квалитетните садови за готвење. Знаете дека мој избор се секогаш Delimano Македонија, а моментално во SPAR има одлични акции на Delimano тавите и малите апарати. Повеќе за понудата ќе слушнете во видеото. ☝️

Рецепт:
🫑 На ситно исечкајте еден поголем кромид и пропржете го додека омекне. Додадете 500–600 г месо по избор, исечено на коцки, посолете и пржете додека убаво не се запржи.

🍅 Потоа додадете 5–6 пиперки и неколку домати, исечени на коцки, и гответе додека омекне зеленчукот.

💧 Налевајте вода постепено и оставете да крчка околу 30–40 минути.

🍚 На крај додадете 1–2 раце ориз и варете уште околу 15 минути, додека оризот целосно не омекне.

Инаку, искрено, не знам дали овој ручек има некое посебно име. 😊 Кај нас дома е вистински омилен, затоа што свекрва ми често ни го подготвува, а рецептот е наследен токму од неа. ❤️

30/07/2026

🥐Ова се моите омилени кифлички кои ги правам со години. Меки како памук, миризливи и толку вкусни што никогаш не остануваат за следниот ден.
📌 Рецепт:
✔️ 1 кг брашно
✔️ 1 свеж квасец
✔️ 2 големи лажици сол
✔️ 5 мали лажички шеќер
✔️ 12 лажици масло
✔️ Околу 350 мл топла вода
Доколку месите на рака, додавајте ја водата постепено додека добиете меко и еластично тесто. Јас го подготвувам со Delimano кујнскиот робот и за неколку минути тестото е совршено измесено.
Откако го имам Delimano кујнскиот робот, подготовката е уште полесна. Тој совршено го замесува тестото, а јас во меѓувреме си ги завршувам останатите обврски. Кога тестото е добро измесено, резултатот секогаш е совршен. 🤍
Оставете го тестото да нарасне околу 1–1,5 час, а потоа формирајте ги кифличките.
Наредете ги во плех, посипете сусам и ставете по едно мало парче маргарин одозгора. ✨ Токму ова е мојот мал трик за неверојатно меки и сочни кифлички.
Печете ги додека убаво не поруменат... а потоа уживајте во наједноставните, а највкусните домашни кифлички.🥐❤️

26/07/2026

Салата со печен модар патлиџан 👌
Оваа салата со печен модар патлиџан и павлака е лесна, кремаста и неверојатно освежителна. Совршена како мезе, особено кога е добро изладена.
Со ладна ракија или узо? Комбинација што тешко се одбива. 🥂
Целата подготовка е во видеото, а ако имате прашања – слободно пишете ми. ❤️

22/07/2026

Кој е за ваков ручек ? 😍
Домашен македонски пинџур од печени пиперки и модри патлиџани... мирисот на дома 🇲🇰

20/07/2026

„Така ме научи мајка ми...“ 😄

Искрено, со години мислев дека домашното тесто мора да се меси со раце за да биде совршено.

Ама времињата се менуваат, а вкусот може да остане ист. ❤️

Сега е овде новиот Delimano Pro Max кујнски робот, најтешкиот дел му го препуштам нему. Тој го меси тестото, а јас конечно имам време да си направам кафе, да ја средам кујната или едноставно да одморам неколку минути.

Резултатот? Меко, воздушесто домашно тесто... без уморни раце. 🥐
И не само што меси тесто ,прави и торти , меша и салати и се тоа со 1600 W и 6 брзини.

Мислам дека Delimano Pro Max ќе стане мојот најверен помошник за сите теста, од леб и кифлички до пици и погачи. ❤️

Кажете ми искрено... вие сè уште месите рачно или веќе му ја препуштивте работата на кујнски робот? 👇

12/07/2026

Mусака од тиквички - летен ручек што никогаш не разочарува – 💚
Овој период тиквички се задолжителни на нашата трпеза , а во оваа форма многу често 🙌
Сочна, кремаста и полна со вкус... токму од оние рецепти што се прават повторно и повторно.
Целата постапка, чекор по чекор, ве чека во видеото. Следете го до крај и ќе видите колку лесно се подготвува. 😊
Ако ви остане некое прашање околу рецептот или подготовката, слободно пишете ми во коментар или порака – со задоволство ќе ви одговорам. ❤️
А сега кажете ми... дали кај вас мусаката од тиквички е летен класик? 👇

25/06/2026

Крцкави пилешки крилца какви што досега не сте пробале! 🍗✨
Има неколку мали финти што ја прават разликата, а денес ви ги откриваме. 😉
Исчистените и измиени пилешки крилца зачинете ги со сол, мешан сув зачин, сув лук и малку масло. Добро измешајте за зачините рамномерно да се распоредат.
Во кеса ставете брашно, презла, сусам ,црвен пипер и... да, добро прочитавте – 1 до 2 лажички прашок за печиво. 😍 Токму тоа е една од тајните за дополнителна крцкавост!
Ставете ги крилцата во кесата, затворете и добро протресете за смесата убаво да ги обложи од сите страни.
Можете да ги печете и во рерна, но ние овојпат ги подготвивме во новиот Air Fryer и резултатот беше подобар отколку што очекувавме. 🤤
Се испекоа за само 20 минути, без ниту капка дополнително масло. Користевме програма за пилешко, а на половина од времето само ги превртевме.
И толку! За 20 минути добивате совршено мезе за ладно пиво 🍺 и добро навивање пред телевизор. ⚽🍗
Дали би ги пробале? 😊

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Gotvenite jadenja na mama posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Gotvenite jadenja na mama:

Shortcuts

Share