10/09/2026
🔆 Предлог за азиски стил на ручек 🍜 ✅️:
🔹️ безглутенски јуфки 'Беламо'
🔹️ ладно цедено сончогледово масло 🌻
🔹️ соја сос 🍶
🔹️ кромид 🧅
🔹️ лук 🧄
🔹️ зелена пиперка 🫑
🔹️ печурки 🍄
🔹️ брокула 🥦
🔹️ кари зачин (по избор)
🔸️ подготовка: бидејќи брашното што го користиме за нашите безглутенски јуфки е највеќе составено од ориз, леќа и пченка, е одлична основа за комбинирање со азиски вкусови. Во тава пропржуваме кромид, лук и зелена пиперка, а по некое време ги додаваме печурките и обарените парчиња брокула. Посипуваме од соја сосот и ја мешаме целата смеса. По избор додавате малку кари зачин. Јуфките ги варите со помалку сол бидејќи соја сосот е доста солен. Откако ќе ги процедите јуфките им додавате ладно цедено сончогледово масло за да се добие поголема арома. Пријатен ручек 🤟
п.с. да не се лажеме јадевме со вилушки 😁 стапчињата се само за на слика 🤭