EATALIAN е прв концепт на понуда на деликатесни производи од исклучиво италијанско заштитено географско потекло.
Мисијата на EATALIAN е да се доближи на македонскиот потрошувач со префинет вкус дел од италијанскиот животен стил.
Италијанците се љубители на убавото и ја бараат убавината насекаде: во архитектурата, во уметноста, во дизајнот, во гардеробата, но најмногу во добрата храна и пијалок.
За нив тоа е секојдневие, а секојдневието е убаво кога денот ќе им почне со едно одлично еспресо додека го читаат утринскиот весник, паузата за ручекот е сочинета од перфектна паста “ал денте” со домати од јужна Италија и една чаша вино во блискиот ресторан до работа, попладнето е за аперитив со пријателите и весели разговори додека дегустираат чаша пенливо вино Франчакорта, мезат со Таџаска маслинки, мињон артичоки во балсамико, кулатело и топла фокача.
А вечерата е нешто лесно како рижото карнароли со шафран во домашна атмосфера или пак се препуштаат на советите на куварот во некој типичен ресторан, не за туристи, туку ресторан кои само италијанците го познаваат. Таму внимателно го слушаат новитетот за таа недела, учат и го пробуваат специјалитетот: кампоти полнети со моцарела и инчуни, похувани и пикантно прелиени со гласа од барикно балсамико, декорирано со цвет од капери и полусушени жолти шери домати. Виното е италијаснко, а водата лесна и олигоминерална.
И да... за Италија важи поговорката “На маса не се старее” и “ Апетитот доаѓа јадејќи”, јадењето и пиењето е животен стил, се' се дегустира полека и во се' ужива.
Ние од Eatilan веруваме во истото и преку нашите производи создаваме единствено искуство и уживање.