20/12/2025
Денес славиме 20 години од постоењето на нашата фирма 20 години посветеност, труд и тимска работа. Оваа фирма не би била тоа што е денес без вас луѓето кои секојдневно ја движат напред и обезбедуваат стабилност, континуитет и развој a овој јубилеј не би бил можен без придонесот на сите вработени, кои во различни периоди биле дел од оваа приказна и оставиле свој белег.🙌
Вие сте клучниот фактор зад секој постигнат резултат и основата врз која се градел успехот низ годините. Благодарение на вашиот професионализам и заедничкиот ангажман, фирмата е многу повеќе од работно место таа е тим.
Го цениме секој индивидуален придонес и вложениот труд што овозможи создавање на долгорочни вредности и одржлив раст. Вашата посветеност е нашата најголема сила.
Со почит кон изминатите 20 години и со доверба во иднината што ќе ја градиме заедно, продолжуваме напред. 🥂
#20ГодиниЕкофризер
#Благодариме