Makprogres Group

Makprogres Group Good food made with love!

Facebook страницата на Макпрогрес е наменета за рекламни цели на МАКПРОГРЕС Виница. Коментарите, мислењата и другите материјали кои фановите на Facebook страницата на МАКПРОГРЕС ги поставуваат на страницата го одразуваат исклучително личното мислење на поединците и тие поединци се одговорни за поставувањето на тие содржини. Содржините со навредлив карактер, коишто не се поставени од страна на МАКП

РОГРЕС доо Виница, ни на кој начин не се поврзани со МАКПРОГРЕС доо Виница и не го изразуваат ставот на компанијата.
МАКПРОГРЕС доо Виница не е одговорна за содржините кои фановите ги поставуваат на Facebook страницата на МАКПРОГРЕС.
МАКПРОГРЕС доо Виница го задржува правото без претходно известување од Facebook страницата на МАКПРОГРЕС да го одстрани сиот материјал за кој се смета дека е на кој било начин – врз основа на раса, пол, политичко уверување или економски статус – навредлив за фановите на страницата.
МАКПРОГРЕС доо Виница собира, обработува, користи и чува лични податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци, и во согласност со oстанатите прописи на Република Македонија. Личните податоци од профилите на корисниците нема да се користат на ниту еден начин, за ниту една цел вклучувајќи статистички и маркетинг цели.

Зад секоја успешна инвестиција стојат визија, храброст и капитал. Но зад секој успешно реализиран проект стојат луѓето к...
10/06/2026

Зад секоја успешна инвестиција стојат визија, храброст и капитал. Но зад секој успешно реализиран проект стојат луѓето кои го претвораат планот во реалност.

Со особена благодарност денес се обраќаме до сите инженери, проектанти, изведувачи и стручни тимови кои учествуваа во изградбата на новата фабрика за производство на вафли на Vincinni – инвестиција вредна 8,5 милиони евра, реализирана за само шест месеци.

Овој објект не е само нова фабрика. Тој е доказ дека кога домашното знаење, искуство и професионалност се обединети околу заедничка цел, можат да се реализираат проекти од највисок индустриски ранг.

Искрена благодарност до компаниите:

• Венципроект
• Гранд Уни Инвест
• Еврометал
• Tehkom
• Електровин
• Метал Монт
• Тега Инжињеринг
• Antida pox
• Стоименов Stoimenov Dooel
• Раде Кончар
• Мак Нико Трејд
• Алтеа Градба
• Виница Премер
• Озон
• Цонев Декор Киц
• Инивини
• Студио за дизајн Ортодокс

Вашата посветеност, професионалност и партнерски однос беа клучни за успешната реализација на овој значаен проект.

Заедно со нашиот тим на инжињери и техничари, изградивме фабрика која ќе создава нови производи, нови работни места, поголем извоз и нова вредност за македонската економија.

Во период кога многумина зборуваат за предизвиците, вие покажавте дека со знаење, организација и посветена работа можат да се реализираат големи индустриски проекти во рекордни рокови.

Благодариме што бевте дел од оваа значајна инвестиција и дел од новото поглавје на Vincinni и Макпрогрес.

Со голема чест и гордост ја примивме наградата „Предводници на одржливиот развој“ во категоријата за придонес кон квалит...
10/06/2026

Со голема чест и гордост ја примивме наградата „Предводници на одржливиот развој“ во категоријата за придонес кон квалитетното образование и искоренување на сиромаштијата, доделена на Бизнис форумот на одржливост. 🏆

Признанието е за нашиот проект „ЕдуИмпакт“, преку кој континуирано работиме на развој на човечкиот капитал преку дуално образование, стручни обуки, академии и научно-истражувачки иницијативи, како и едукативни работилници со деца. Проектот е интегриран дел од нашата бизнис стратегија и директно придонесува за унапредување на знаењата, вештините и иновацискиот потенцијал во заедницата.

Како дел од проектот „ЕдуИмпакт“, лидерството на компанијата е директно и континуирано вклучено во неговата реализација преку стратешко водење, активно учество и обезбедување организациска поддршка. Академиите, дуалното образование и стручните обуки, како и научно-истражувачките иницијативи се усогласени со развојните цели на компанијата и придонесуваат за долгорочен општествен и организациски развој.

Ова признание претставува потврда за сето горенаведено и за нашата посветеност на одржлив развој, образование и создавање позитивни промени во заедницата. Им благодариме на организаторите за укажаната чест, како и на сите партнери, вработени и соработници кои се дел од оваа приказна.

08/06/2026
Макпрогрес денес ја отвори новата фабрика за вафли на брендот Винчини. На свеченото отворање присуствуваа премиерот, г-д...
08/06/2026

Макпрогрес денес ја отвори новата фабрика за вафли на брендот Винчини.

На свеченото отворање присуствуваа премиерот, г-дин Христијан Мицкоски, министерот за транспорт, г-дин Александар Николоски, заменик-министерот за економија и труд, г-дин Марјан Ристески, претседателот на Стопанската комора, г-дин Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Виница, г-дин Митко Костадиновски, се сретнаа со раководството на Макпрогрес, кое ги презентираше резултатите и развојните планови на компанијата.

Новата фабрика располага со две современи производни линии за вафли и сродни кондиторски производи и ќе овозможи зголемување на производството за околу 30 проценти, со дополнително јакнење на извозните активности на Винчини. Со почетокот на производството се отворени 40 нови работни места, а најавени се и дополнителни вработувања.

„Оваа инвестиција е резултат на заеднички труд, посветеност и верба во иднината. Им благодарам на нашите вработени, кои се најголемата сила на Макпрогрес, како и на сите партнери и институции што го поддржаа проектот“, изјави г-дин Глигор Цветанов, генерален директор на Макпрогрес.

08/06/2026
08/06/2026
08/06/2026
Sweet Success in Las Vegas! ✨                        Енергијата на престижниот саем  во Лас Вегас е навистина неверојатн...
21/05/2026

Sweet Success in Las Vegas! ✨
Енергијата на престижниот саем во Лас Вегас е навистина неверојатна, а штандот на Vincinni е официјално отворен!

Од нашите препознатливи слатки вкусови па сè до возбудливите нови иновации — ја споделуваме вистинската дефиниција за врвен квалитет со лидерите во индустријата, партнерите и љубителите на слатки од целиот свет. 🍫🌍

19/05/2026

Денес добивме признание кое има особено значење за нас. 🥇

1во место за „Најпопуларна HR практика на годината 2025“, доделено од престижната Македонска асоцијација за човечки ресурси, ни претставува голема чест и потврда дека кога искрено се инвестира во луѓето – тоа се препознава.

Горди сме што е препознаен трудот, посветеноста и грижата што секојдневно ги вложуваме во нашите вработени. 🏆

Голема благодарност до сите што гласаа за нас.

Нашиот HR тим секојдневно работи со една цел – секој човек во Makprogres да се чувствува сигурно, згрижено и ценето.

Затоа што во Макпрогрес – живееме заедно. ❤️

Address

Војдан Чернодрински No. 8
Vinica
2310

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38933362289

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Makprogres Group posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Makprogres Group:

Share